ЕкономијаСветСветот на работникот

Вучиќ: Вративме 21-22 работници на нивните работни места.

Вучиќ: Вративме
241views

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рекол дека околу 21 до 22 илјади работници во државата се вратени на нивните работни места после најавата на мерките.

„Секаде во светот се намалуваат платите и пензиите, а ние за тоа не ни размислуваме. Некаде околу 21 до 22 илјади работници успеаваме да ги вратиме на работа по првите мерки на работодавачите и најавите за нашите мерки“, рекол тој за телевизијата Прва.

Посочил дека ситуацијата во буџетот на Србија е подобра отколку во други држави, што потврдуваат и агенциите ЏП Морган и Фич. Оценил дека проблемот е што има се помалку приходи, бидејќи никој ништо не работи, освен стратешкото производство. Навел и дека Србија ќе излезе од кризата пред многу други држави.

„Имаме компаративна предност бидејќи нашата економија е подобро диверзификувана, не зависи само од туризмот и земјоделството. Полесно ќе издржиме од оние каде туризмот им е 25 отсто“, рекол тој.

Навел дека, покрај сите мерки, стабилноста на јавните финансии, монетарните мерки, може да сметаат на брзо опоравување.