ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Вучиќ: Просечната плата ќе биде 1.400 евра

   Време за читање помалку од минута

Нашето ветување е просечната плата да биде 1.400 евра“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Србија мора да продолжи да се развива. Лесно можеме да се вратиме во времето кога нашиот динар не беше стабилен, времето на затворени фабрики, времето на отпуштања, времето на целосно уништена економија, пониски пензии“, рече Вучиќ.

Претседателот истакна дека развојот на Србија и приходите на граѓаните се многу важни работи.

„Нашето ветување е просечната плата да ни биде 1.400 евра, пензиите 600 евра, минималната плата над 650 евра. Тоа се големи, важни работи“, рече Вучиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *