МакедонијаПравда

В петок 37. седница на Советот на Општина Аеродром

   Време за читање 1 минута

В петок, 7.2.2020 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и седмата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:

Предлог-одлука за усвојување Извештај на централната пописна комисија за извршен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2019 година.

  1. Предлог-правилник за постапката, начинот и условите за давање на користење училиштен простор и спроведување други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром.
  2. Предлог-програма за работата на Советот на Општина Аеродром за 2020 година.
  3. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3954).
  4. Предлог-одлука за доделување еднократна финансиска помош за лекување на вработено лице во Општина Аеродром.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на Статутот на основните училишта на подрачјето на Општина Аеродром.
  6. Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнати барања за смрт на член на потесно семејство на вработено  лице во општински буџетски корисник.
  7. Советнички прашања.