ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Газдите текстилци бараат подолго работно време: Работниците ги плаќаме за осум часа, а работат седум ипол

Газдите текстилци бараат подолго работно време: Работниците ги плаќаме за осум часа, а работат седум ипол-Работник
551views

Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот. Се бара и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството односно работниците повеќе да работат. Газдите имаат и други барања, а овие ја запрепастија јавноста деновиве затоа што дури најавија и штрајк со кој сакаат да го изразат своето незадоволство од условите за водење бизнис во земјата. Тие тврдат дека има ниска продуктивност и дека државата декларативно се заложува за раст на платите кој генерално паѓал на грбот на работодавачите.

Целиот текст прочитајте го тука