ЕкономијаСветСветот на работникот

„Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени поради економскиот шок од пандемијата

101views

Британски „Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени поради економскиот шок од пандемијата на новиот коронавирус.

Преструктуирањето може да влијае на 110 места во одделите за продажба, рекламирање и маркетинг и 70 во редакцијата, пишува весникот на својата веб-страница. Според главната уредничка Кетрин Вајнер и извршниот директор на Гардијан Медиа Груп, Анет Томас, пандемијата довела до пад на приходите на публикацијата.

„Гардијан“ е уште еден британски медиуми, што почна да се реструктуира поради пандемијата, што доведе до пад на приходите од рекламирање и физичка продажба.
Во јануари, Би-Би-Си објави дека ќе отпушти 450 вработени како дел од планот за реструктуирање, кој беше запрен за време на епидемијата.
Медиумот го потврди планот и најави дека ќе бидат укинати уште 70 работни места поради „влошената финансиска состојба“.