ЗанимливостиМакедонија

Гевгелија: Одржан традиционалниот 27 Коледарски Хепенинг

Гевгелија - Работник
136views

Во Гевгелија традиционално се одржа 27 по ред Коледарски Хепенинг, вечерта пред Бадник во организација на ЛК на СДММ. „Коледарскиот хепенинг“ сите овие години е настан кој ги сплотува граѓаните на нашата општина со поддршка на коледарско-бадниковата традицијата.

Настанот започна со црковна литургија во богослужение на свештеници од Гевгелиската парохија кои посакаа добро здравје, успех и среќа на сите граѓани на општина Гевгелија и православните христијани. Беа осветени дабови гранчиња кои беа поделени на граѓаните да однесат благослов за навестувањето на Христовото раѓање.

На манифестацијата присуствуваа бројни граѓани и гости меѓу кои претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и претседателката на комисијата за екологија при СДСМ.
Забавниот дел од манифестацијата беше отстапен на музички изведувачи од локалната средина и познати естрадни имиња. Како и секогаш, почетокот беше резервиран за групата „Распеани Гевгеличани“, а настапија и Блага Петреска, Ленче Кукиќ, Вики Среброва, Ани Малинкова, Горан Кукиќ, групата „Интервали“, Игор Узунов, гевгелискиот бенд „Зијан“ и Бени Шакири. Традиционално Хепенингот заврши со голем огномет кој низ звуците од песната „Пушти коси“ на Зијан го осветлија небото распрснувајќи ги бројните желби за здравје, успех и бериќет во Новата година.

Годинава манифестацијата имаше хуманитарен карактер. Организаторите поставија кутии за собирање донаторски прилози за опожарената зграда во Гевгелија и за малата Анастасија од Пирава.

Извор: Општина Гевгелија