Македонија

Гевгелија: По вториот уписен рок во СОУ „Ј. Јосифовски“ – слободни уште 134 места

Гевгелија: По вториот уписен рок во СОУ „Ј. Јосифовски“ - Работник
203views

Во вториот уписен рок за запишување на ученици во учебната 2019/2020 година, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, во прва година од гимназиско образование се запишале 79 ученици. Додека во стручното обвразование се запишале 12 ученици. Најголем интерес за стручните паралелки во вториот уписен рок имало за автомеханичари 11, а само 1 ученик се запишал во економско-техничката паралелка.
По првиот и вториот уписен рок во овој средноучилишен центар заинтересираните ученици на располагање имаат уште 134 слободни места. Најмногу – 91 места во гимназиските паралелки, додека во стручно-образовните паралелки има уште 43 слободни места.

Најголемиот број од овие места се во економско -техничките паралелки – 23, 5 во туристичко -угостителската паралелка и 15 во автомеханичарската паралелка. За овие места заинтересираните ученици можат да се пријават во августовскиот уписен рок.

Извор: Општина Гевгелија