СветСветот на работникотСиндикат

Генерален штрајк на здравствените работници во БиХ на 5 февруари

Генерален штрајк - Работник
150views

Генералниот штрајк на вработените во здравствените установи на подрачјето на Босанскоподрињскиот кантон започнува на 5 февруари, најавено е на денешната прес – конференција за новинари. Независниот струков синдикат на вработените во здравството пред седум дена соопштиле дека преговорите со Владата на БПК Горажде пропаднале и сите 260 работници едногласно ја потврдиле подготвеноста да стапат во Генерален штрајк, но и дека со тужби ќе се обидат да дојдат до своите права.

Синдикатот бара потпишување на нов колективен договор, со зголемување на коефициентите на платите за 0,4 и не се согласува на понуденото зголемување од страна на Кантоналната Влада од 0,1. Од синдикатот истакнуваат дека во септември минатата година, Владата потпишала колективен договор со Синдикатот на докторите на медицина и стоматологија и инсистираат и на нив да им се овозможат истите права, бидејќи тимовите за здравствена заштита ги сочинуваат и докторите, медицинските сестри и хигиеничарите.

Веднаш по најавата на генералниот штрајк од Министерството за здравство ги повикале претставниците на синдикатот на нов состанок кој треба да се одржи утре.