- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Генијално решение: Екран кој може да се регенерира

Генијално решение: Екран кој може да се регенерира
169views

Корејските научници открија генијална работа!
Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија, во соработка со универзитетот Yonsei од Јужна Кореја, успеаа да направат полимер кој може да се вгради во LCD екраните на мобилните телефони, а можат сами да си ги поправат евентуалните пукнатини.
Тие користеле супстанца добиена од ленено масло, која под UV светло, може да се врати во првобитна состојба во рок од 20 минути, односно на собна температура во рок од 12 часа.
Овој полимер содржи микропаксули сo ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер го претвориле во заштитен слој кој може да се нанесе на екранот од телефонот. Кога ќе дојде до оштетување на екранот, пукаат микрокапсулите и се пополнува пукнатината, па така се поправа екранот.
Со оглед на тоа што податоците велат дека една четвртина од корисниците на паметни телефони мораат да го заменат екранот на својот телефон поради оштетување, таквата супстанца може да биде голем хит во иднина.
Ова сепак не е прв изум кој ги поправа оштетените екрани на паметните телефони. Проблемот е во тоа што овие системи се доста скапи за да бидат достапни за пошироката маса, па на корисниците им е поисплатнливо да го заменат уредот, наместо да го поправат.