Германиците решиле – повеќе не вработуваат млади. „Генерацијата не е способна за живот“

Агенција во Хамбург повеќе не сака да вработува млади приправници. Причина: Генерацијата Z веројатно повеќе ја цени околината од работата.

Актуелните студии покажуваат дека т.н. генеразицја Зет, која влегува на пазарот на труд, има потполно различни очекувања од својата работа. Младите родени помеѓу 1995. и околу 2000. година имаат големи барања, пренесува Пословни дневник.

Хамбуршката агенција повеќе не вработува приправници од генерацијата Зет, пишуваат германските медиуми. „Овие млади луѓе имаат ограничена способност за концентрација, издржливост и способност за воспоставување на контакт“, смета германски експерт.

Причината за слабостите на генерацијата родена на преминот од милениумот, експертот ја гледа во претерената заштита од страна на родителите. „Родителите децата ги претвораат во слаби луѓе“, предупредува просветниот научник.

Доаѓаат со листа на желби на разговор за работа

Хамбуршките агенции мораат да се соочат со разни работодавачи кои повеќе не сакаат да работат со генерацијата Зет. Хамбуршкиот фризер повеќе не зема приправници – поради недостигот на почит и страст. А хамбуршката компанија „Nerdinstrusties“, исто така, се воздржува од вработување на постмилениумците.

Искуството покажало дека некои млади на разговор за работа носат листа на желби. Еден од условите е да бидат слободни во вторник и четврток, бидејќи планираат да одат на јога од 17 часот.

„Работниците ориентирани на слободното време“

„Ориентацијата на слободното време меѓу младите пораснала во последните неколку години“, рекол работодавач од Хамбург. Тој ги опишува работните навики на генерацијата Зет вака: „Ќе дојдам на работа, но ако биде премногу стресно, ќе заминам“.

Социолозите сметаат дека родителите се виновни за недостигот на посветеност кај младите работници. Научниците одат толку далеку што генерацијата Зет ја квалификуваат како „генерација неспособна за живот“. „Децата кои никогаш не наидуваат на препреки не учат да работат самостојно, да издржуваат конфликти и тензии. Но сите овие работи се дел од здравиот развој“, рекол еден истражувач.

Моменталните студии покажуваат дека поголема е веројатноста генерацијата Зет да биде невработена отколку несреќна на работа. Дури 56 % од нив, во една анкета, рекле дека би престанале да работат доколку работата влијае врз нивниот приватен живот.

Фактор на слободното време

Исто така, младите работници бараат јасно раздвојување на работата и слободното време. Речиси половина од испитаниците не би прифатиле работа во компанија која не одговора на нивните социјални и еколошки ставови, а за 53 % од постмилениумците факторот на „слободно време“ е во средиштето на нивните барања за работа.

Поголемите компании имаат поголема можност да си дозволат исполнување на овие желби на младите работници. „Како мала компанија имате поинаква економска одговорност, морате да ги задоволите купувачите и да работите во текот на викендот“, рекол шеф на компнија од Хамбург.

Не се живее за работата

Бејби бумерите живееле за работата, а новата генерација сака само да работи колку да живее добро. „Од приправниците никој не бара да ги извршуваат истите работни обврски како обичните работници“, објаснува шефот на компанијата и додава: „Но ако морате да одите на јога после шест часа, ние не можеме да ви бидеме од помош. Тоа не оди“.

Не се знае колку долго шефот на компанијата ќе има негативен однос кон желбите на нововработените, но едно е јасно: нови „бејби бумери“ кои живеат од работата сигурно нема да има. Генерацијата Зет сака да работи онолку колку што е потребно за да заработи доборо, пренесува Фенкис Магазин.