ЕкономијаСвет

Германија бележи пад во растот на економијата

Германија бележи пад - Работник
36views

Германската економија минатата година забележала раст од 0,6 отсто, што е најмалку од 2013 година, се наведува во прелиминарните претпоставки на Сојузната канцеларија за статистика.

„Тоа значи дека германската економија е во пораст десет години по ред. Овој е најголем период на раст од повторното обединување на Германија“, вели претставникот за статискика, Алберт Бракман.

Во соопштението се истакнува дека буџетскиот вишок во државниот сектор, вклучувајќи ги покраините, општините и системите на социјална заштита, опаднал на 49,9 милијарди евра или 1,5 отсто од БДП по минатогодишните 62,4 милијарди евра или 1,9 отсто.

Извозот минатата година е зголемен за 0,9 отсто, додека во 2018 година забележан е раст од 2,1 отсто. Ова укажува на тоа нето трговијата минатата година имала негативно влијание врз целокупниот економски раст.