Германија забрани работа на определено време за месарите пред Европското првенство
Во пресрет на Европското фудбалско првенство во Германија, под закана е сезоната на скара. Токму сега новиот закон носи големи промени во месната индустрија таму – нема веќе привремени работници, што значи дека нема повеќе зголемување на работната сила кога тоа е потребно, објави Тпортал.хр. Од април на германските производители на месо не им е дозволено да ангажираат работници со скратено работно време, налага новиот закон кој треба да ги обезбеди правата на вработените во месната индустрија.
И додека синдикатите се задоволни, фирмите се огорчени. Компаниите се обидуваат да го спречат најлошото со ангажирање работници на неопределени договори, но трпат огромни загуби. Производителите стравуваат дека ќе има таков пораст на трошоците што цената на крајните производи на крајот ќе мора да се зголеми.
Стравуваат дека купувачите потоа ќе се свртат кон поевтини производи од странство, чиј пазарен удел веќе е зголемен за 20 проценти во последните три години. Од друга страна, многумина сметаат дека работата во месната индустрија треба да се регулира по линија на угостителството.
„Вработените во рестораните сега имаат многу побезбедни услови за работа. Тие точно знаат колку работат, што работат и кога работат“, изјави за „Тагесшау“ ува Хорст Колер од Здружението на производители на колбаси и шунка.
Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia