ЕкономијаСвет

Германија: Постигант договор за пензиите, избегната криза во Владата

Германија: Постигант договор - Работник
40views

Германската влада постигнала компромис за зголемувањето на пензиите за пензионерите со ниски примања.

Како што пренел Дојче Веле, постигнат е договор за загарантирана основна пензија за работниците со ниски примања после повеќемесечни тензии по тоа прашање, што можело да доведе до криза во Владата.

Истакнатите членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ги и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнале договор во текот на разговорите кои траеле повеќе од шест часа, пренесува Ројтерс.

Основната пензија ќе претставува додаток на пензиите, со што би требало на оние кои ја добиваат најниската пензија да им се обезбеди да можат да ги покријат основните месечни трошоци за живот, објаснува Дојче Веле.

Дојче Веле додава дека со планот на германската владата ќе бидат опфатени и вработените со најниски примања „кои се грижат за деца или роднини“, не прецизирајќи ги деталите.

Условот за добивање на оваа парична награда ќе биде личноста која најмалку 35 години уплатувала придонеси за социјално осигурување.

Со планот ќе бидат опфатени оние чии примања се пониски од 1,250 евра или парови кои заеднички месечно не добиваат повеќе од 1,950 евра.

Дојче Веле наведува дека планот на германската влада треба да стапи на сила во 2021 година.