- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Германија ја прекина финансиската помош за компаниите поради злоупотреби

147views

Германија привремено ја прекина финансиската помош за одредени компании кои се соочуваат со проблеми поради рестриктивните мерки за сузбивање на ширењето на вирусот корона, откако беа откриени неколку случаи на измама, објави Министерството за економија.

Суспензијата ги опфаќа компаниите кои побарале специјална помош за ноември и декември, како и одредени специјални заеми.

Во соопштението се наведува дека суспензијата е воведена на 5 март, но не е наведено колку компании се опфатени. Во соопштението се посочува дека сомнителните случаи ќе бидат предадени на обвинителството, кое ќе покрене истрага за неправилности.

Министерството не соопшти за колкава сума пари станува збор, но германскиот портал „Бизнис инсајдер“ навел дека станува збор за неколку милиони евра.

Германија започна невиден пакет помош за да им помогне на компаниите, самовработените и другите да ја надминат пандемиската криза