ЕкономијаСветСветот на работникот

Германија ја продолжува одлуката за работниците од Западен Балкан

Фото: Pixbay
Германија ја продолжува - Работник
219views

Германската Влада усвоила одлука за продолжување на важењето на правилото за доселување на неквалификувана работна сила од Западен Балкан до 2023 година. 

Со тоа на граѓаните на Србија, БиХ, Косово, Албанија, Македонија и Црна Гора им се овозможува, без разлика на формалните квалификации за вработувања, да допатуваат во Германија, објавило германското Министерство за труд и социјални прашања на својата веб страна. 

Новост е дека се воведува квота која го ограничува бројот на работна сила што може да влезе во Германија на годишно ниво и таа изнесува 25,000 работници. 

„Продолжувањето на правилото за Западен Балкан на три години е добро за германската економија. Поединечните стопански гранки, како што е градежништвото и понатаму бележат експанзија и потребни се работници. Недостатокот на стручен кадар во овие гранки не сме да го закочи растот“, рекол Министерот за труд, Хубертус Хајл. 

Тој додал дека доаѓањето на квалификувана работна сила се овозможува доколку нема доволна работна сила во Германија или ЕУ. 

Старото правило е на сила до крајот на 2020 година, а од стапувањето на сила во 2016 година се покажало како многу користен начин за легална работничка миграција. 

„И резултатите од процените на Институтот за истражување на пазарот на трудот се позитивни. Се покажало дека 58 % од работниците од земјите на Западен Балкан имаат стручни квалификации“, се наведува на веб страната на Министерството. 

Одлуката за новото правило треба да се усвои во горниот дом на германскиот парламент, Бундесрат каде на дневен ред е на 9 октовмри. 

По усвојувањето во Будерсратот, одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година. 

Фото: Pixbay