ЕкономијаСветСветот на работникот

Германија ќе прими сезноски работници во април и мај

Германија ќе прими - Работник
165views

Германија ќе им дозволи на странските работници да извршуваат сезонска работа со цел да помогнат во бербата на овошје и зеленчук на фармите, соопштила Владата по ублажувањето на забраните воведени поради борбата против ширењето на корона вирусот.

Германското Министерство за земјоделство соопштило дека постигнало договор со Министерството за внатрешни работи, да се дозволи влез за 40,000 сезонски работници во април и уште 40,000 во мај, пренесе Банкар.ме.

„Работниците треба да допатуваат со авион, а не со автобус, за да се заштитат од заразувањето со корона вирусот“, се истакнува во соопштението на Министерството за земјоделство.

Додатната низа на услови предивидува сезноските работници да мораат да поминат и медицински преглед и да држат растојание еден од друг во текот на работата.

Бројни членки на Европската унија, вклучувајќи ја и Германија, вовеле гранични контроли за да се забави ширењето на корона вирусот, но како резулатат на тоа се појавија несакани ефекти – работниците не можат да дојдат до своите работни места.

Германските земјоделци и преработувачи на овошје предупредиле дека сличните забрани можат да спречат повеќе илјади сезонски работници од Источна Европа да одат на помош за собирање на жетвите и бербите, што би можело да доведе до недостаток на овошје и зеленчук, но и зголемување на цените.

Повеќе сезонски работници доаѓаат од истокот на Европската унија, вкучувајќи ги Полска, Романија и Бугарија.

И Европската комисија на почетокот од неделата побарала од членките на ЕУ да дозволат влез за стотина илјади сезонски работници кои вршат садење или берење преку границите и покрај националните мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Фото: Pixbay