ЕкономијаСветСветот на работникот

Германија: 650,000 компании бараат додатоци од државата

Германија: 650,000 компании - Работник
128views

Речиси 650,000 германски компании од 6 април побарале од државата додатоци за делумна невработеност поради намаленото работење, навела Агенцијата за вработување.

Бројот на барања за една недела се зголемил за 40 отсто бидејќи на 27 март имало 470,000, а засега не е можно да се заклучи колкав број на вработени е опфатен, поради тоа што работодавачите сеуште не ги соопштиле конечните листи, но германската Влада очекува повеќе од два милиони делумно невработени.

Барањата, како што е денес соопштено, доаѓаат од сите гранки на економијата, а посебно од трговијата и гастрономијата.

Во Германија се затворени продавниците, освен оние кои продаваат основни намирници, рестораните и кафулињата, а откажани се и голем број на настани за да се сопре ширењето на корона вирусот.

Германскиот систем за делумна невработеност предвидува државата да исплати од 60 до 67 отсто од нето платата. Земјата ова доста го користела во текот на меѓународната финансиска криза, за да го избегне бранот на отпуштање на работници.

Од големите германски компании, Фолксваген има 80,000 луѓе на своите листи, а Луфтханза во Германија има 62,000 луѓе.