ЕкономијаСветСветот на работникот

Германската економија го допрела дното

Германската економија го допрела дното - Работник
86views

Германската економија го допрела дното со пад на бруто домашниот производ – БДП во вториот квартал, каков што не е виден досега во повоената историја на земјата.

Сепак, сега започнува покачувањето, оценува институтот УФО во коментарот доставен до Танјуг по повод статистичките податоците објавени завчера.

Според прелиминарните податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, БДП -то на најголемата европска економија опаднал во второто тромесечје за 10,1 отсто на квартално ниво, а на годишно за 11,7 проценти, покажуваат податоците.

„Економијата забележала стрмен пад без преседан. Го допрела дното за време на пандемијата и сега се враќа на растот, иако сеуште не е на своето преодно ниво“, наведува шефот за прогноза на економскиот институт ИФО со седиште во Минхен Тимо Волмершојзер, во коментарот.

На ниво на цела година, вели, се очекува дека БДП -то на Германија да падне за околу 5 проценти.

„Постепеното укинување на ограничувањата довело до силно зголемување на прометот во продажбата на мало во мај, бидејќи потрошувачите морале да одложат многу од купувањето. Производството и продажбата постепено пораснале и во другите сектори на економијата“, додава Волмершојзер.

Покрај тоа, како што напоменува, индекосот на бизнис климата кој го пресметува ИФО, значајно се подобрил во последно време во многу компании.

„Според тие резултати, би требало да видиме недвосмислено опоравување во втората половина на 2020 година“, наведува тој.

Волмершојзер, сепак, го насочува вниманието кон тоа дека оваа прогноза се заснова на претпоставката дека и понатаму ќе се ублажува ограничувањето без тоа да доведе повторно раширување на Ковид- 19, како и на политичките одговори на епидемијата, при што двете премиси содржат висок степен на неизвесност.

На германскиот пазар на труд, како што забележува, опоравувањето досега одело бавно: невработеноста го достигнала врвот во јуни, а нејзниот сезонски прилагоден пад во јули бил слаб.

Според процената на институтот ИФО, бројот на компании кои користат скратено работно време опаѓа многу бавно: таа бројка и понатаму е натпросечна во неколку сектори, особено во хотелиерството, угостителството и во производството.

Додека пак индустријата трпи поради слабите ситуации со порачките, продажбата во секторите на храна и пијалаци и понатамошните лимитирани мерки за ограничување воведени поради коронавирусот, се констатира во коментарот на институтот УФО.