СветСиндикат

Германската полиција ќе спроведе задолжителни корона – тестови, доколку е потребно и на сила

Германската полиција ќе спроведе задолжителни корона - тестови, доколку е потребно и на сила - Работник
88views

Задолжителното тестирање за луѓето кои се враќаат во Германија од земји означени како висок ризик, дури во некои случаи ќе треба да се извршат со присилни мерки, според полицискиот синдикат на ГДП.

Во соопштението на потпретседателот на синдикатот Jörga Radeka беше објавено:

„Мораме да го спроведеме законот, на крајот и со сила“.

„Ако официјалната одлука за тестирање на корона мора да се изврши со сила, тогаш тоа е задача на полицијата“, рече тој, објаснувајќи дека одлуката на федералната влада да го стори тоа мора да биде потврдена од регионалната влада на секоја провинција.

Потпретседателот на полицискиот синдикат зборуваше на оваа тема си цел на прво место да ги повика патниците да соработуваат.

„Обврската за тестирање бара високо ниво на согласност во општеството затоа што ваквото тестирање претставува нарушување на физичкиот интегритет“, рече тој.

„Во суштина, изборот се прави со мерење помеѓу телесниот интегритет на поединецот и интересите на целото општество. Никогаш порано немавме таков избор во социјалните односи“, додаде тој.

Радек смета на фактот дека граѓаните ќе бидат подготвени за тестирање при враќање од ризични земји и области без никакви проблеми. По барање на германскиот министер за здравство Јенс Спан, задолжителното тестирање од ваков вид треба да стапи на сила следната недела. Тестирањето ќе биде бесплатно за граѓаните.