ЕкономијаСветСветот на работникот

Германска железница бара 25,000 работници

Германска железница - Работник
369views

Германската железница „Дојче бан“ оваа година сака да вработи околу 25,000 нови работници. Според германскиот Билд, најмногу работници се потребни на позициите машиновозач, диспечер или персонал за одржување на железницата.

Освен тоа, се бараат и возачи на автобуси, сервисни службеници на железничките станици, ИТ експерти и инженери. Планирано е од 25,000 нови работни места, приправниците да пополнат околу 4,700.

„Дојче бан“, во кој моментално работат околу 200,000 луѓе и минатата година вработил околу 24,000 нови работници.

Како што неодамна објавил Дојче Веле, се повеќе машиновозачи од Балканот заминуваат за Германија. Имено, 35 машиновозачи од Македонија се имаат пријавено на конкурси за работа во Германија.