ЕкономијаСвет

Германска компанија ќе отвора фабрика во Србија

Германска компанија ќе отвора фабрика во Србија - Работник
46views

Во зерњанската индустриска зона Југоисток бил положен камен темелник за германската фабрика ГПК која работи во склоп на ЕКХ групата од Берлин.

Вредноста на инвестиција е околу 3 милиони евра.

Сопственикот на компанијата Клаус Пол рекол дека една од причините зошто вложуваат во Зренањин е неговата добра геостратешка положба.

„Членките на ЕУ, Унгарија и Романија не се далеку од тука. Во овие земји, како и во Италија имаме свои клиенти и намерата ни е да ги снабдуваме од тука“, рекол Пол.

Рекол дека втората причина е висококвалификуваниот кадар во Зрењанин, а третата е исклучивата соработка со локалната самоуправа во тој град и Покраината Војводина.

Во индустриската зона Југоисток работат компании од Италија, Белгија, Јужна Кореја, а фабриката на 500,000 квадратни километри ја гради кинеската компанија Шандонг Линглонг тајер.