ЕкономијаСветСветот на работникот

Германскиот гигант отпушти 10.000 луѓе: Mercedes дава откази „на општествено одговорен начин“

Германскиот гигант отпушти - Работник
187views

Германската компанија за автомобили Daimler, која е сопственик на Mercedes-Benz, објави дека планира да укине 10.000 работни места ширум светот.

Компанијата соопшти дека на овој потег се одлучиле затоа што сакаат да го финансираат преминувањето на електрични автомобили.

Раководителот на вработените, Вилфред Порт изјави дека бројот на работни места кој ќе се намали ќе биде петтоцифрен, јавува BBC. Компанијата соопшти дека автомобилската индустрија минува низ „најголема трансформација во историјата“ и дека потребата за мобилност која не содржи јаглерод диоксид бара големи инвестиции.

„Дел од оваа програма е да се намалат трошоците на вработените за околу 1,4 милијарди евра до крајот на 2022 година, како и да се намали бројот на менаџерски работни места низ целиот свет за 10 проценти“, се вели во соопштението на Daimler.

Daimler, која има речиси 300.000 работници ширум светот и фабрики во 17 земји, изјави дека ќе ги намали трошоците и вработеноста „на општествено одговорен начин“. Компанијата наведе и дека со советот на вработените се согласила на принципите за намалување на структурата на компанијата, и дека двете страни ќе продолжат да работат на детали за имплементација во наредните недели.

Извор: Денар