- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникот

Германските негуватели незадоволни од условите за работа – Решението е јасно – повеќе пари

Германските негуватели - Работник
224views

Платите и условите за работа на луѓето кои работат во болниците и старечките домови во Германија одамна се многу лоши.

Поради тоа постои хроничен недостаток од вакви работници. Решението е јасно, повеќе пари. Но…

Advertisement

Во првата половина на март во Германија станало јасно дека пандемијата на коронавирусот претставува сериозна криза за општеството во целина. Вниманието се повеќе се насочувало кон негувателите кои се квалификувани или кон оние кои работеле како помошен персонал во болниците или старечките домови.

И овде како и ширум светот, луѓето навечер од своите балкони им аплаудирале на хероите во оваа криза. Пациенти, експерти и политичари од сите табори барале да им се зголемат платите. На сите им е со години јасно дека луѓето се премалку платени за вака важна и напорна работа – и тоа не само во Германија, пишува Дојче Веле.

Advertisement
Advertisement

Премија од 1,500 евра? Или тоа е премногу?

Политичарите како министерот за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) се залагале за еднократна исплата, односно премија во износ од 1,500 евра. Сега, неколку месеци подоцна, Бундестагот одлучил дека Владата ќе финансира 1,000 евра од таа премија. Сите 16 сојузни држави, но и работодавачите би требало да ги доплатат останатите 500 евра, но никако не можат да пресечат. Дали паричниците треба да ги отворат само работодавачите или можеби и здравствените осигурувања? А, оние кои треба да добијат бонус, полека губат трпение, но и во нив се насобира бес.

Со два милиони членови, Социјалното здружение на жртвите од војната, преживеаните членови од нивните семејства и социјалните пензнионери во Германија се најголемо социјално здружение во државата. Претседателката на здружението, Верена Бентеле за медиумите рекла дека сега е потребно трајно да се подобри положбата на негувателите на сите нивоа: бонусот е океј, но пред се треба да се зголемат платите и подобро да се регулира работното време.

Просечна плата: 2,400 евра бруто

Според информациите на реномираниот „институт за пазарот на труд и стоковни истражувања“ во Нимберг, квалификуваните медицински негуватели, медицинските сестри и техничарите, во просек заработуваат околу 2,400 евра бруто месечно, додека на пример во Саксонија – Анхалт заработуваат само 2,100 евра, а во Баден – Винтерберг најмногу – 3,000 евра.

Министерот Шпан побарал негувателите во целата земја минимално да заработуваат 2,500 евра бруто, што би било еквавилентно на саатинината од околу 14 евра во рамките на полно работно време.

Меѓутоа, предлогот на министерот веднаш предизвикал реакција од страна на работодавачите. „Сојузното здружение на приватни пружатели на негувателски услуги“, според сопствените наводи претставува околу 8,000 установи за нега ширум Германија.

Претседателот на оваа асоцијација, Рајнер Бридерле, поранешен сојузен министер за економија од партијата ФДП, вели дека Шпан изнеува „потполно произволна сума. Наместо популистички да фантазира, би требало конечно да го работи она што е суштина на неговата работа и да даде предлози, за тоа како да се финансираат поголеми плати“.

Се повеќе и повеќе стари луѓе, се поскапа нега

Факт е дека во Гермнија негата е скапа, на пример во старечките домови и дека здравственото осигурување ретко ги сносува сите трошоци. Притоа луѓето живеат се подолго и кога тогаш им е потребна нега.

Неодманешното истражување на институтот Синус покажува дека околу петтина од младите во Германија теоретскит можат да замислат дека работат во негувателството, но само 4 од нив „се многу заинтересирани а оваа професија“. Професорката Стефана Села, експерт за социјални прашања и пазарот на трудот на универзитетот во Кобленц, вели дека тоа воопшто не е чудно.

„Очигледно е дека младите имаат добар нос за тоа како изгледа реалноста на негувателите, особено кога се работи за платите. Посебно во амбулантната и болничката нега на постари луѓе, платите се мизерни имајќи  го во предвид образованието, односно квалификациите кои се неопходни“.

Ниските плати се очигледно причината поради која пропаднала една од иницијативите на германската Влада, која е започната година и пол пред короната. Бундестагот одлучил дека треба да се обезбедат дополнителни 13,000 работни места во областа на геретијатриска нега. До сега се пополнети само 2,600. Според мислењето на „Здружението на здравствени осигурувачи“, причината поради тоа и понатаму е големиот недостаток на квалификувана работна сила, пишува ДВ.

Ни во Франција не е подобро

И во Франција од почетокот на пандемијата, политичарите особено ги фалат негувателите. Кога на 14 јули е прославен Денот на Републиката во Париз, првпат од Втората Светска војна, немало голема воена парада, а гости на Претседателот Макрон на почесната трибина биле негуватели, касиерки и полицајци.

Ова е добар гест, но не ги замолкнал оние кои од почетокот на пандемијата се жалат поради недостатокот на маски и мерките за штедење: активстите истакнале транспарент на кој пишувало: „Макрон дава потчест, а зад грб ги уништува болниците“.

Во текот на пандемијата од цела Франција пристигнувале обвинувања од страна на медицинарите дека има премалку опрема и персонал. Владата засега се обврзала дека ќе издвои шест милијарди евра за зголемување на платите на негувателите. Експертите се сомневаат дека тоа е доволно за да на хероите на кризата им се обезбеди покачување од 200 евра – како што ветил Макрон.

 

Advertisement