ПравдаСветСветот на работникот

Германските сексуални работници бараат укинување на рестриктивните мерки

Германските сексуални работници - Работник
195views

Здружението во кое членуваат германските сексуални работници побарало да се укинат рестриктивните мерки кои се однесуваат на нивното работење, донесени поради пандемијата на корона вирусот.

Не е оправдано повеќе да се затвораат борделите и да се забранува проституцијата, објавило здружението во писмото упатено до 16 членови на германскиот парламент кои неодамна повикале на забрана за плаќање на сексуалните услуги.

„Со оглед на фактот дека опаѓа ширењето на заразатата ширум земјата, индустријата која нуди сексуални услуги мора да биде во можност повторно да ги заработи примањата и да им понуди на клиентите добра услуга која е човечка и многу важна за нив“, се наведува во писмото.

Во текот на кризата со корона вирусот таквите услуги би можеле да бидат од „егзистенцијална важност“ за клиентите, наведува германското здружение на работниците од сексуалната индустрија.

Утврдени се и деталите на планот за хигиенски мерки и е претставен на политичарите.

Здружението понатаму истакнува дека сексуалните работници се особено заинтересирани за хигиената и своето здравје со оглед на тоа дека се работи за „нивниот капитал“.