Правда

Германски активист против абортус го изгуби случајот против лекарите пред Европскиот суд за човекови права

Германски активист против абортус го изгуби случајот против лекарите пред Европскиот суд за човекови права-Работник
231views

Eвропскиот суд за човекови права го отфрли случајот на германскиот активист против абортусот, во судски спор со кој му наложува да престане да ги  нарекува абортусите “убиство” и да ги споредува со Холокаустот.

Судот, со седиште во Стразбур, Франција во четвртокот донесе одлука за низа случаи во кои учествуваше активистот Клаус Гинтер Анен, кој тврдеше дека четирите забрани против него издадени од германски судови се мешаат во неговата слобода на изразување.

Европскиот суд утврди дека обвинувањата на г-дин Анен против лекарите, кои тој ги објавил на неговата веб-страница “не само што биле многу сериозни, туку, исто така, можеле да поттикнат омраза и агресија”.

Судот пресуди дека, иако наредбите ја ограничиле неговата слобода на изразување, тие биле “неопходни за едно демократско општество”.