- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаукаНовости

Германски научник тврди: Имам 600 докази дека Ковид – 19 е направен во лабораторија

Германски научник тврди - Работник
207views

Германскиот нанонаучник Роланд Визендангер тврди дека има докази за тоа дека коронавирусот не преминал од животните на луѓет, туку дека настанал во лабораторија. 

Научникот од Хамбург за германските медиуми рекол дека има вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година. 

Advertisement

„Информациите за вирусот и бројните објави во стручните списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека короната била несреќа во лабораторија. Короната дошла од лабораторија во Вухан“, тврди Визендангер. 

Според него, вирусот многу добро се „закачува“ на рецепторите на човечките ќелии и успева да продре во нив, што не било својствено за претходните сојови на коронавирусот и укажува на неприродно потекло. 

Укажал и дека не се нудат лилјаци на пазарот во центарот на Вухан кој е наречен епицентар на инфекцијата. 

Advertisement

Визендангер очекува во наредните недели и месеци да има понатамошни истражувања за потеклото на вирусот и се надева на докази кои ќе ја поткрепат неговата теза. 

Извор: Espreso.co.rs

Advertisement