ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Германски Тисенкруп укинува дополнителни 5.000 работни места поради пандемијата

Германски Тисенкруп укинува - Работник
58views

Германската групација Тисенкруп (Thyssenkrupp) денеска соопшти дека ќе укине дополнителни 5.000 работни места во текот на следните три недели, а претходно најави укинување на 6.000 работни места поради последиците од Ковид-19 врз нејзиниот бизнис во 2019-2020 година.

– За да се соочи со последиците од пандемијата на Ковид-19, Тисенкруп мора да укине вкупно 11.000 работни места, се вели во соопштението на групата.

Конгломератот, кој веќе неколку години е во криза, почна голема реорганизација во 2019 година, што првично требаше да опфати намалување на 6.000 работни места.

– Оваа година веќе заминаа речиси 3.600 луѓе. Но, пандемијата е огромен тест и ја влоши ситуацијата во групата, изјави извршната директорка Мартина Мерц.

Тисенкруп регистрира 16 проценти пад на приходите во деловната 2019/2020 година на 35,4 милијарди евра и оперативна загуба од 860 милиони евра.