- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Германците би сакале да работат помалку – може и за пониска плата

Германците би сакале да работат помалку - Работник
208views

Многумина вработени во Германија би сакале да работат помалку, велат податоците на студијата на Институтот ИФО направена за независната фондација Бретлсман Шифтинг

Моментално, 50 % од вработените мажи и 41 % од жените работат повеќе од што сакаат. Мажите работат во просек 41 час неделно, а би сакале да работат 37 %, додека жените во просек работат 32 часа неделно, а повеќе би сакале да работат 30. 

Двете групи би прифатиле помала плата, се наведува во соопштението на Институтот доставено до Танјуг. 

Меѓутоа, студијата исто така открива дека 17 % од вработените жени и 9 % од мажите сакале да работат повеќе.

„На прашањето, да речеме, дали мајките би сакале поголемо или помало работно време, силно влијание има можноста за згрижување на децата“, вели Андреас Пеихл, директор на ИФО центарот за макроекономија и истражување и ко – автор на студијата. 

Додава дека многу жени, кога е им биде овозможен подобар баланс помеѓу работниот и приватниот живот, би сакале да работат подолго. 

„Тоа би било рационално решение имајќи во предвид дека има недостаток на квалификувани работници во Германија“, заклучил Пеихл.