- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Германците очајни, им фалат 100,000 вакви работници

Германците очајни - Работник
654views

Поголемиот дел на негуватели ја опишуваат работата во Германија како напорна и слабо платена, и многумина размислуваат да ги дигнат рацете и да работат нешто друго, додека драматичниот недостаок на работна сила се надоместува со носење на луѓе од Балканот, напиша неодамна Дојче Веле.

Дури 32 % од луѓето кои во Германија се бават со нега на стари и болни лица, размислуваат да ја променат работата, покажува една нова анкета, а како најголема причина за тоа се наведува физичкото и психичкото оптеретување, недостатокот на принанија и ниските плати. 

Ова е драматичен податок во општество кое станува се постаро, а веќе сега недостасуваат најмалку 100,000 негуватели. Според најцрните процени, за неколку години ќе недостасуваат и до 200,000. 

„Мораме по секоја цена да го сопреме одливот на луѓе“, рекол Претседателот на Здружението за интензивна медицина Гернот Маркс. Заминувањето на негувалителите би имало „катастрофални последици по нашата здравствена нега“. 

Последните години недостатокот на човештво појачано се надоместува со „увоз“ на болничари од Балкан, Мексико или Филипни. Повеќе од 50,000 жени од Западен Балкан се бават со негувателска работа во Германија. 

Според Дојче Веле, старечките домови и болниците се толку очајни во потрагата по работна сила, да на посредниците им плаќаат и до 15,000 евра за доведување на една негувателка од странство. 

Додека не бидат признаени како медицински сестри, не го научат добро јаизкот и не ги положат испитите, овие жени во Гермнија смеат да работат само како болничарки. Почетната плата во просек се движи околу 2,000 евра бруто. 

Претседателот на германскиот совет за нега Франц Вагнер бара почетните плати да бидат двојно поголеми и оценува дека тоа би била примерна заработка и дека со тоа занимањето негувател би било поконкурентно. 

Тој за „Пасауер ноје прес“ рекол дека кај некои негуватели „исцрпеноста е толку длабока, што патат од посттрауматски стрес“. 

Неодамна истражувањето на Светското здружение на медицински сестри и негуватели покажало дека поради големото оптеретување, се повеќе луѓе ја напуштаат негата. 

Оваа деценија ширум светот, четири милиони негуватели ќе одат во пенизија, а подмладок нема, наведува Дојче веле.

Според здружениет, во светот професионално со нега се бават 27 милиони луѓе.