ЕкономијаСветСветот на работникот

Германците ќе работат на скратено работно време две години

Германците ќе работат - Работник
57views

Во Германија, коалиционата влада постигнала договор да се продолжи траењето на програмата за скратено работно време на две години, од моментално максималните 12 месеци. 

Ова е направено во склоп на дополнителните мерки за ублажување на последиците од коронавирусот на економијата. 

Коалиционите партнери постигнале договор за да се овозможи продолжувањето на траењето на овој вид на поддршка за надоместок на плата на работниците, на кои сатнината им е скратена поради пандемијата, на 24 месеци за сите компании кои ќе поднесат барања до крајот на оваа година. Со ова сакаат да спречат масовни отпуштања, пишува Seebiz. 

Воедно одлучено е да се продолжи пружањето на финансиската помош на малите претпријатија до крајот на оваа година и да се ублажат правилата за стечај во најстојување да се спречи бранот на банкротирања. 

Дополнителните мерки договорени во Владата со премиерката Ангела Меркел на чело, за да се ублажат последиците од коронавирусот, Германија би можеле да ја чинат 10 милијарди евра, изјавил германскиот министер за финансии Олаф Шолц, пренесува Ројтерс. 

„Целта е да ја стабилизираме економијата. Факт е дека делувавме брзо и со тоа издејствуваме Германија да може да ја поднесе кризата многу подобро од останатите земји“, додал тој. 

Според програмата за скратено работно време, германската влада покрива околу две третини од износот на платите на вработените во време кога работодавачите го скратуваат работното време сред кризата, за да ги намалат трошоците. 

Ваквата програма на големо се користела за време на финансиската криза во 2008 и 2009 година, и е заслужна за зачувување на десетици илјади работни места, потсетува АФП. 

Воедно е еден од главните инструменти на Берлин за заштита на германската економија од корона кризата, а го сочинува клучниот дел од владиниот пакет помош за ублажување на последиците од коронавирусот, тежок 1,000 милијарди евра. 

Пред пандемијата стапката на невработеност во Германија изнесувала рекордно ниски 5 %, за да во меѓувреме се покачи на 6,4 %.