Занимливости

Ги заведувале нацистите, ги носеле во шума и ги погубувале: Приказна за млади хероини

Ги заведувале нацистите - Работник
200views

Во текот на Втората светска војна нацистичката окупација на Холандија претворила три тинејџерки во жестоки борци. Сестрите Трус и Фреди Оверстеген и нивната пријателка Хана Шафт останале запамтени по својата техника на носење на луѓе во шумата кои соработувале со дикататорите, каде ги убивале.

 

„Мислам дека двете од нив, а можеби и сите три, биле многу срамежливи како тинејџерки. Војната набрзо ги претворила во храбри жени“, рекол Мартин Менгер, син на Трус Оверстеген.

Двете сестри Трус и Фреди биле одгледани од самохрана мајка која имала силни антифашистички убедувања. Нивната пријателка Хана била студентка која била исфрлена од факулетот кога одбила да и биде лојална на Германија.

Truus Oversteegen

Трус имала 16 години кога Холандија била окупирана. Фото: North Holland Archives

Кога започнала окупацијата, девојките започнале да извршуваат мали задачи за движењето на отпорот кое полека зацветало.

Наскоро нивната улога станала се по активна и вклучувала директна акција.

„Било навистина ретко за млади девојки да бидат во наоружано движење на отпорот, а посебно да ги убиваат предавниците, а токму тоа го правеле овие три девојки“, велат од холандскиот музеј на отпорот.

Нивната необична ќелија во главно бирала локални соработници на нацистите.

„Трите девојки во глано биле задолжени за ликвидирање на холандските предавници. Затоа што тие биле поголема закана од нацистите“, рекла Трус Менгер за Би – Би – Си која името го добила по нејзината мајка.

Реми Декер, синот на Фреди Оверстаген, верува дека егзекуцијата на холандските предавници започнала на почетокот од 1942 година, кога неговата мајка имала 15 или 16 години.

Freddie Oversteegen

Фреди имала само 14 години кога Холандија била окупирана. Фото: WIkipedia/National Hannie Schaft foundation

„Ја погубила жената која, како што веруваат, сакала да го предаде името на некој Евреин од Харлем на нацистичката разузнавачка служба. Колку што се сеќавам, мојата мајка и пришла на жената во паркот и ја прашала како се вика, за да го потврди нејзиниот идентитет. Штом таа и го потврдила идентитетот, мојата мајка пукала во неа“, раскажал Декер.

Тинејџерките ја искористиле својата предност и фактот што биле млади и изгледале невино, па со помош на тоа тие ги носеле холандските предавници во шума, каде што ги погубувале.

„Одведувањето на нацисти и домашни предавници во шума бил брилијантен потег, затоа што тие навистина верувале дека флетруваат со девојките. Кога биле во шумата, ништо не се случувало помеѓу нив. Пред да се обидат да ги бакнат девојките, тие биле убивани“, додал синот на Фреди Оверстеген.

Меѓутоа, не секоја егзекуција била извршувана по истата шема.

„Многу од своите жртви ги убивале додека возеле велосипеди, доколку можеле побезбедно така да се извлечат“, рекле децата на Трус Оверстеген.

Hannie Schaft

 Во текот на војната единствено само Хана е убиена. Фото: Wikimedia/NIOD, Nationaal Archief

Хана Шафт која поради црвената коса им била препознатлива на нацистите, била фатена и погубена на 17 април 1945 година. Имала само 24 години.

Само 18 дена подоцна, Холандија била ослободена од нацистичката окупација. Околу три четвртини од сите Евреи во Холандија биле убиени.

„Во историските книги постои приказна за девојка со црвена коса. Кога и да ја читав, мојата мајка плачеше. Ми рече дека таа девојка и била пријателка во текот на војната и дека била убиена од Германците. Често ја споменуваше војната и својата пријателка Хана. Целиот живот живееше со фактот дека таа ја преживеала војната, а нејзината другарка не успеала да преживее“, рекол синот на Фреди Оверстеген.

Сестрите Оверстеген ја преживелае војната и живеле уште долго после неа. Трус починала во 2016 година, а нејзината сестра Фреди две години подоцна, 2018 година.