ГИ ПЛАЌААТ КАКО СУВО ЗЛАТО: Германска фабрика планира да вработи 3.000 нови работници, погледнете колку заработуваат нивните приправници
Просечната плата на работник на производна линија во Германија е 3.268 евра месечно. Извештаите за заработка покажуваат дека практикант во BMW Group заработува 13.000 евра, додека менаџерите за корпоративен развој заработуваат 149.200 евра.
Германскиот производител на автомобили БМВ планира долгорочно да вработи околу 3.000 работници во својата нова фабрика за склопување батерии во градот Стракирхен во Долна Баварија.
Според германските медиуми, новата фабрика на БМВ треба да биде изградена на површина од околу 60 хектари. Таму ќе се произведуваат до 330.000 високонапонски батерии за погоните на производителот на автомобили во Минхен и Регенсбург.
Од 2026 година, BMW има намера да ја прошири фабриката за батерии за уште 45 хектари во втората фаза на изградба, со што ќе го удвои производниот капацитет. Во фабриката за монтажа првично ќе бидат вработени околу 1.600 работници, но околу 70 отсто од нив ќе се преселат во Стракирхен од другите погони на BMW.
Просечната бруто годишна редовна плата за позицијата монтажа во BMW Group е 40.900 евра. Во зависност од искуството, степенот на образование, локацијата, платата може да се движи помеѓу 26.400 и 64.700 евра.
Извор: Курир.рс, Пословни.хр