- Advertisement -
ПравдаСветСиндикат

Ги подмитувале синдикалците за да бараат поголеми плати во Џенерал Моторс?

Ги подмитувале синдикалците
195views

Произведувачот на автомобили „Фијат – Крајслер“ (ФЦА) негира дека ги подмитувал синдикалците да бараат повисоки плати во конкурентскиот „Џенерал Моторс“ (ЏМ) кој поради тоа го тужел за „рекетирање“.

Во документите кои во петокот се поднесени до сојузниот суд во Детроит, САД, ФЦА тврди дека тужбата на ЏМ не се заснова на факти. Тврди и дека, дури и тоа да се незаконски постапки, како што тврди ЏМ, истекол четиригодишниот рок за тужба и случите се застарени.

Advertisement

ЏМ во тужбата поднесена во ноември наведува дека минатата година ФЦА ги подмитувал претставниците на Обединетиот синдикат на работниците во автомобилиската индустрија да бараат поголеми плати во ЏМ, за да го принудат да се спои со помалата компанија ФЦА.

Тужбата на ЏМ против конкурентот од Детроит е без преседан. Во неа се наведува дека ФЦА бил вмешан во рекетирање плаќајќи милиони долари мито на синдикалците за да се изборат за три колективни договори кои се неповолни за ЏМ.

Advertisement
Advertisement

ЏМ наведува дека ФЦА ги корумпирал преговарачите во 2009, 2011 и 2015 година, за да стекне предност во однос на ЏМ.

Овие наводи потекнуваат од долгогодишната федерална истрага на властите во САД за подмитување на синдикалците од страна на ФЦА. Митото одело директно во центарот за обука на синдикалците поради што најмногу се вмешани лидерите на синдикатот.

Во истрагата се обвинети десет лица, а осум од нив ја признале вината, вклучувајќи ја и вдовицата на потпретседателот на синдикатот. Три лица кои работеле во ФЦА биле осудени.

Но, ЏМ мора да докаже дека ФЦА ги рекететирал со намера да преземе управување со синдикатот и дека тоа нанело штета на ЏМ. Не е доволно само тврдењето на ЏМ дека компанијата ФЦА со подмитувањето настојувала да ги наведе синдикалците како да постапат.

ЏМ го обвинил и извршниот директор на „ФЦА“ Сержо Маркионе кој починал минатата година, за одобрување на митото поголемо од 1,5 милиони долари.

Барањата на синдикатите за поголеми плати биле смешни за да го принудат ЏМ да се спои со ФЦА кој ја одбил понудата на Маркионе за тоа, наведува ЏМ во тужбата што ФЦА го отфрла како недокажана.

Законската процедура за доставување на дополнителни докази од страна на двете комапнии ќе трае со месеци пред него што судијата одлучи за судбината на тужбата.

Advertisement