ЕкономијаСветСветот на работникот

Ги пратиле 5-те илјади вработени дома, забраниле и деловни патувања

Ги пратиле 5 -те илјади - Работник
151views

Компанијата Твитер им наредила на своите вработени да работат од дома за да помогнат во запирањето на ширењето на Корона вирусот.

Во блогот компанијата наведува дека нејзиниот персонал во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја минатите месец до два работат на раздалеченост, но сега силно ги поттикнува своите 5,000 работници ширум светот да не доаѓаат на работа, пренесува Seebiz.

Оваа одлука доаѓа по забранувањето од страна на компанијата на деловните патувања и присуство на големи настани на своите работници.

Твитер веќе објавил дека се повлекува од овомесечната прес – конференција непосредно пред филмскиот фестивал Саут бај Саутвест во Тексас.

„Нашата цел е да ја намалиме веројатноста на ширење на корона вирусот и за нас и за светот околу нас“, рекла управителката на човечките ресурси во Твитер, Џенифер Кристи.

Во блогот е истакнато и дека Твитер веќе некое време развива начини за работа од дома.

„Иако е ова голема промена за нас, веќе започнавме да воведуваме работа од дома. Ние сме глобален сервис и сме посветени на тоа да му овозможиме на било кој од било кое место да работи за Твитер“, велат од компанијата.