ПравдаСветСветот на работникот

Главни жаришта на коронавирусот – работните места

Главни жаришта - Работник
75views

Работните места се главни жаришта на коронавирусот во Франција и претпријатијата треба да им овозможат на работниците да работат од дома колку што е можно по летните одмори, рекол угледен француски експерт за коронавирусот. 

Неделните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека од 9 јули, приватнтие и јавните претпријатија сочинувале 22 % од 609 жаришта на зараза. Здравствените власти истражуваат речиси третина од нив. 

Податоците кои не ги опфаќаат домовите на пензионерите и семејствата, покажуваат дека и здравствените установи сочинуваат 16 % од жариштата, а пошироките семејства 14 %.

Затворите и јавниот превоз, вклучувајќи ги возовите и авионите, сочинуваат само 1 % од жариштата, а училиштата и универзитетите 4 %. 

„Со оглед на тоа дека компаниите имаат најголема стапка на зараза, би требало да се пропише обврзно носење на маски во сите затворени простории, вклучувајќи ги и приватните претпријатија“, рекол Ерик Кауме, шеф на Одделението за заразни болести во париската болница La Pitié-Salpêtrière за радио станицата Франсинфо.

Кога е тоа можно, компаниите би требало и понатаму да им овозможат на работниците да работат од дома, додал тој, сметајќи дека тоа е разумно.