ПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Апелираме работниците да го бараат остварувањето на правото на одмор

Гласен Текстилец: Апелираме работниците - Работник
1.24Kviews

Здружението Гласен Текстилец на својот фејсбук профил објави работничките и работниците да си го бараат правото на годишен одмор и да не дозволуваат да бидат манипулирани од страна на работодавачите. Велат дека ретко кој го има остварено правото на одмор за минатата 2018 година. Рокот за барање е до 30 јуни, 2019 година.

„Апелираме до работничките и работниците да си го бараат остварувањето на правото на годишен одмор и да не дозволуваат да бидат манипулирани од страна на работодавачите. Ретко кој го има остварено правото на годишен одмор за минатата 2018 година. Рокот за побарување е до 30ти јуни 2019 година.
Нашите линии остануваат отворени и ве повикуваме да не контактирате со цел да добиете совет за начините на остварување на правото на годишен одмор“, пишуваат од Гласен Текстилец.