„Гласен текстилец“: Владата да ги заштити работниците и сиромашните
Првичните мерки на Владата како одговор на најголемата економска криза која на глобално ниво сè повеќе зема замав укажуваат дека нашата земја нема да биде исклучок од предвидувањата дека поради несоодветните реакции на државите – половина милијарда луѓе во светот ќе паднат во сиромаштија. Единствен начин ова да се спречи се решителни и храбри мерки за заштита на работниците и сиромашните, мерки што за жал ниту ги видовме ниту со нешто се навестуваат, велат од Здружението на текстилни работници „Гласен текстилец“.
Оттаму ја обвинуваат Владата дека настапува единствено на страната на бизнис заедницата и ги слуша само нивните сугестии.
Повеќе прочитајте на весник.мк

