- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

„Гласен Текстилец“ ги презентираше резултатите од проектот „Унапредување на работничките права на текстилните работнички од источниот регион“

Гласен Текстилец“ ги презентираше резултатите - Работник
250views

Пандемијата удри врз работничките права во текстилниот сектор. Една година нема напредок, туку напротив се отиде неколку чекори наназад, оцени Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

Цела година оваа организација работеше на проектот „Унапредување на работничките права на текстилните работнички од источниот регион“. Бесплатна правна помош добија 112 мајки на деца до 10 години, хронично болни и бремени работнички, бидејќи беше опфатен аспектот на родовобазиранa дискриминација, а се покренаа и три судски случаи, меѓу кои и за бремената работничка од Куманово, коja е и прва добиена  битката за кршење на работнички права во време на корона кризата. Таа  ја имаше првата кривична пресуда во нејзина полза, а целиот судски процес го следеше „Гласен Текстилец“-Штип.

– Ги детективарме, сите оние слабости, неправилности и прекршување на уредби при прогласена вонредна состојба, а со законска сила. Тоа значи, иако имавме државна помош, иако имаше јасно нагласени уредби, како треба да тече исплатата и кои се правата на работниците, сепак имаше исплата под минималната плата, имаше незаконски откази на договорите за работа, а претежно тоа ги погоди жените, конкретно од трите категории, повторно ќе повторам бремени, мајки на деца до 10 години и хронично болни, вели Ампева.

Ампева на денешната презентација на резулатите од проектот „Унапредување на работничките права на текстилните работнички во источниот регион“ посочи дека решенијата се во зајакнување на контролите од страна Државниот трудовиот инспекторат, потоа Комисијата за заштита и спречување од дискриминација да се стави веднаш во функција, но какошто вели  најважно е работничките самите да се спротиставуваат и да ги пријавуваат прекршувањето на работничките права во нивните фирми.

-На тој начин си ја надоместуваат штетата, која е предзивикана со кратење на плати и со откази или ако им се намалува породилното отсуство, или го губата правото на породилно. Така да сметам дека има институции, но работничките треба да бидат похрабри, да не се потпишуваат на нешто што не е во нивна корист, редовно да пријавуваат и едноставно да се консултираат со нас, вели Ампева.

На денешната презентација беше и раководителот на Државниот трудов инспекторат за источниот регион, Методи Дамјански. Тој истакна дека минатата година биле постојано на терен по претставките на текстилните работнички. Во првите два месеци, годинава имале од 50 до 60 претставки од текстилните работнички од источниот регион, а се однесувале за кратење на минималната плата, нејзина неисплата, како и неисплата на регресот за годишен одмор.

-Намален е бројот на претставки во текот на овој месец, со исплатата на плати веќе се среди работата, регресот за годишен одмор е веќе исплатен. Така да имаме претставки, но по други основи. Имаме дел на откажување на договорите за вработување, прекувремена работа, неисплаќање за време на празник, вели Дамјански.

Во источниот регион има 15 инспектори и според Дамјански оваа бројка на инспектори може да се справи со бројот на претставки кои се дсотавуваат од работниците.