МакедонијаПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец: Коронавирусот во Штип се шири поради обидот на газдите да заштедат на сметка на работниците

245views

Денеска во Штип има 25 новозаразени со коронавирус, а вчера беа 18. Двоцифрен број на новозаразени, од 15 до 60 како пред една недела, во Штип има веќе две недели. Марија Димитрова од Центарот за јавно здравје потврдува дека поголемиот дел од позитивните се од штипските конфекции, но како што вели, не може да навлегува во тоа зошто штипскиот текстилен кластер се издвојува од останатите заразени кластери кои се инцидентни, пишува СДК.МК.

Од Здружението на текстилни работници “Гласен Текстилец” посочуваат дека вината е во газдите, поради намерата да заштедат на трошоци. Од здружението порачаа дека не смее да се игра со здравјето на работниците.