- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Гласен Текстилец со отворено писмо до пратениците: БАРАМЕ да престанете со политички препукувања и да го ставите интересот на работниците на прво место

Гласен Текстилец - Работник
344views
🔴“Гласен Текстилец” испрати отворено писмо до Пратениците на Собранието во врска петтиот сет на мерки за финансиска поддршка на приватниот сектор.
Собрание на Република Северна Македонија
“Нехумано е од страна на пратениците, што ги ставаат личните и партиските интереси пред интересот на граѓаните кои се најранливата категорија во оваа здравствена и социо-економска криза со пандемијата. Особено бидејќи вие треба да сте гласот на народот, вие треба да ги барате овие итни и неодложни потреби и ги истакнувате проблемите на оние поради кои ја имате оваа функција. Бидејќи благодарение на истите, вие имате редовна, висока плата, право на платено здравствено осигурување и повеќе од пристојни услови за работа. Не се соочивте со доцнење на плати, со незаконски откази и намалена плата.
Не ве замолуваме, туку БАРАМЕ од вас како пратеници, народни избраници, да престанат овие политички препукувања во ова Собрание кое се нарекува народен дом, и да го ставите интересот на народот пред секоја политичка цел бидејќи работниците и работничките очекуваат од вас да го изгласате овој сет на мерки, бидејќи е неопходен за нормално функционирање на секоја човечка индивидуа.
Дополнително, да ги разгледате и другите барања доставени во ова писмо и барате донесувања и измени на закони кои ќе овозможат редовна исплата на плата, следење на злоупотребите од страна на одредени работодавачи преку
првите 4 сета на мерки, помош за оние кои останале без работа, 100% платено боледување поради Ковид-19 и право на здравствено осигурување на секој еден граѓанин. Дополнително, извршителите, банките, јавните и приватни
претпријатија продолжуваат да работат, сметките и кредитите мора да се подмират, но тоа е невозможно доколку оваа криза секој ден ги остава луѓето без егзистенција. Мораториум за наплати и побарувања мора да има, па затоа ова барање е повеќе од неопходно.
Она што е недозволиво е да се продолжи со неконструктивни препукувања и во последно време, националистички реторики. Бидејќи и македонци, и албанци, и бошњаци, и турци и роми, се ставени во незавидна положба, бизнисите пропаѓаат а граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми.
Тоа е најмалку што можете да направите за вашата држава и вашиот народ. Бидејќи тој народ, граѓаните, ви ја дале поддршката да ги браните нивните интереси. Тоа и само тоа е вашата улога во ова Собрание”.
▶️Целосното известување може да се погледне на следниот линк:
 

🔴”Гласен Текстилец” испрати отворено писмо до Пратениците на Собранието во врска петтиот сет на мерки за финансиска…

Posted by Гласен Текстилец on Monday, April 12, 2021