ЗанимливостиНаука

Глечерите се топат, цел свет се менува: Имаме ли на што да се надеваме?

Глечерите се топат - Работник
302views

Расте бројот на активистите кои се залагаат за кревање на свеста за климатските промени со цел светот да се промени на подобро за да се спаси Земјата. Меѓутоа, прашањето е дали е тоа доволно за да се постигне целта.

Во последните неколку години температурите на нашата планета на годишно ниво се најголеми од времето кога започнала да се мери температурата, поради што и глечерите започнале да се топат, а полека започнал да се менува и животот во океаните.

Тоа влијае на движењето на морските струи и создавањето на временски непогоди од големи размери кои до скоро беа незамисливи, пишува Би – Би – Си.

Борбата за подобра иднина и опстанок на планетата е започната и научниците добија поддршка од широките народни маси кои покренале движења за зачувуување на животната средина и спречување на трендот на глобалното затоплување кое постепено може да ја промени целокупната ситуација на Земјата.

Засега изгледа како да не напредуваме многу и како да ја губиме битката со климата, а и понатаму можеме да ги слушнеме дипломатите и политичарите кои тврдат дека климатската криза е измислена, што не ги демотивира биолозите и документаристите кои се посветиле на спасувањето на коралните гребени.

Климатското прашање дури неодамна стана една од главните теми во медиумите, па сега многумина загрижени читатели се прашуваат „дали има надеж?“. Одговорот доаѓа од движењето против климатските промени и психологијата – надежта е во вас. Пред неколку месеци нешто слично изјавила и младата активистка Грета Тунберг.

„Не можете да седите и да чекате да ви дојде надежта, бидејќи така се однесувате како мали неодоговорни деца. Изгледа дека не разбирате дека надежта е нешто што мора да го заслужите“, рекла таа минатиот февруари во Брисел.

Она што засега е постигнато, го постигнале групи на млади активисти кои се борат за својата иднина, групи на неуморни научници кои работат прекувремено и тврдолгави активисти кои не сакаат да се откажат додека целиот свет не се освести.

Надеж, а не оптимизам 

Во својата книга „Надеж во мракот“, Ребека Солнит пишува за тоа дека надежта не е лист за лото со кој можете да добиете седејќи на каучот. Таа е нешто друго, нешто живо. „Таа е секира со која во случај на опасност ја кршите вратата“, пишува Солнит. Ова се совпаѓа со верувањето на популарната психологија кое подразбира два елементи: лични цели и патот со кој се доаѓа до нив. Таа може да биде движечка сила, но мора да дојде одвнатре.

Тоа е разликата помеѓу надежта и оптимзмот. Оптимизмот е повеќе генерално очекување дека нешто добро ќе се случи, дури не ни знаеме како ќе се одиграат работите. А, малку има причини за да бидеме оптимисти по прашањето за климатските промени. Температурите во 2019 година беа високи, а емитувањето на јаглен – диоксид е намалено многу малку, што ни малку не ја поправи ситуацијата. Сепак, не треба да се биде песимист, бидејќи во тој случај креваме раце од нашата планета.

На многу луѓе животите им се веќе загрозени поради климатските промени и тие не можат да бидат оптимисти, но сите сакаат на мислат дека на крајот се ќе биде во ред.

Електричните автомобили се добар чекор за решвање на проблемот со јагленот – диоксид, како и се поголемиот број на самообновливи изовори на енергија кои ја намалуваат количината на емитување на овој гас. Но, не треба да се застане тука.

Заедничка надеж

Во есејот „Уметноста на добрата надеж“ кој филозофот од Универзитетот Принстон, Викторија Макгир го објавила во 2004 година, се разгледува разликата помеѓу посакуваната надеж и надежта со волја. Тие кои имаат посакувана надеж зависат од надворшни влијалнија, додека тие кои имаат надеж со волја ја преценуваат својата моќ. Според неа, најдоборо решение е балансирање на овие два екстреми.

„Ние за надежта учиме од нашите родители, но кога сме возрасни потребно е да го смениме концептот во согласност со околностите во општеството“, тврди Мекгир.

Тоа значи дека треба да се зајакнеме себе си и да ги поттикнеме другите одговорно да се надеваат, со што надежта станува социјален феномен.

„Ако немате надеж дека климатските промени ќе тргнат на подобро, пронајдите некој кој активно се бави со овој проблем“, советува Мекгир.

Секоја помош е добредојдена и ќе бидете со задоволство прифатени помеѓу активистите долку одлучите да им се придружите. А, бидејќи работите нешто со поголема цел, ќе се чувствувате подобро, корисно и ќе развиете надеж за подобро утре. Надежта е најдобар начин за борба од ваков вид, затоа е добро да се освестите на време и да се фрлите на работа додека има сеуште надеж.

Ниеден човек не може сам да го намали емитувањето на гасовите кои го поттикнуваат глобалното затоплување. Тоа можеме да го направиме само заедно, свесни дека целиот наш труд е за поголема цел и подобра иднина за нашата планета.