ЕкономијаМакедонија

Глобален Индекс на конкурентност: Има назадување на работната сила

Глобален Индекс на конкурентност - Работник
26views

Македонија е рангирана на 82-то место од 140 држави во светот според најновиот извештај за Глобалниот индекс на конкурентноста на Светскиот економски форум, објави Канал 5.

– Генерално имаме подобрување за две места, но ако се гледаат  поените по одредени области во поголемиот дел тапкаме во место односно остануваме на исто, рече на презентацијата на извештајот Дриљон Исени од Комората на Северозападна Македонија, партнерска организација од државава во глобалната анализа во која се оценува економијата на државата преку 12 столбови со 103 параметри, пренесува Канал 5.

Според Исени, државата останува слаба во параметрите за институциите, полошо стои и кај работната сила од аспект на стручното образование, но и кај квалитетот на патиштата, а нема значителни посметувања кај ИКТ индустријата.

Целосниот текст прочитајте го тука