ЕкономијаМакедонија

Годините да не бидат услов за земање на кредити, бараат пензионерите

Годините да не бидат услов - Работник
205views

Олабавување на условите за добивање кредити за пензионерите и продолжување на роковите за нивна отплата или воопшто за добивање кредити бараат од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ). Како што посочуваат од здружението, повозрасните граѓани, иако се редовни во намирувањето на своите банкарски обврски, сепак, се соочуваат со тешкотии и оневозможување на нивните барања за добивање кредити.

– Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се залага да се олабават условите за добивање кредити за пензионерите во земјава, бидејќи тие имаат редовни примања и редовно ги сервисираат своите обврски. Сметаме дека е потребно да не се ограничуваат пензионерите според возраста, дека е неопходно да се продолжат годините за добивање и отплата на кредитите – велат од сојузот, посочувајќи дека во земјава има околу 320 илјади пензионери, бројка што не е занемарлива, пишува Нова Македонија.

Целосниот текст можете да го прочитате тука