ПравдаСветот на работникот

Големиот брат ги набљудува: Вработените во „Катај Пацифик“ го чувстуваат притисокот од Кина

Големиот брат ги набљудува: Вработените во „Катај Пацифик“ - Работник
22views

Шефовите на Миксе Ли му покажале два поста од Фејсбук. Едниот го критикувал справувањето на полицијата со анти – владините протести кои „горат“ во Хонгконг од јуни. Нивното прашање за Ли, стујард во авиокомпанијата Катај Ервејз било дали тој ги напишал постовите.

Ли негирал, иако ги напишал. Потоа минатиот четврток, една недела после испрашувањето, тој им се приклучил на отпуштените од Катај Пацифик, откако истакнал ставови кои можеле да ја налутат Кинеската Влада.

„Никогаш не помислив дека компанијата ќе се фати за мојата политичка ориентација“, рекол Ли кој работел на регионалната линија на превозникот Катај Драгон, три ипол години.

Катај Пацифик се бори за опстанок, а нејзните вработени ризикуваат да станат колотерална штета. Авиокомпанијата со седиште во Хонконг е можеби еден од најранливите глобални бизниси, фатен помеѓу продемократските демонстранти на градот и Кинеската Влада која им стави етикета, како насилни радикали. Кина сака бизнис светот да застане на нејзина страна и се заканува дека ќе го одлоговлече пристапот до нејзиниот голем и растечки пазар од компаниите кои не ја поддржуваат.

Пекинг се закани дека ќе ја затвори Кинеската воздухопловна линија за Катај доколку не ги разуми своите вработени. Но, многу од 26 – те илјади вработени во Катај се симпатизираат со демонстрантите.

Многумина во Катај велат дека резулататот е „бел терор“, име коешто потекнува од анти – комунистичките строги мерки во Тајаван, минатата декада. Приближно две дузини од сегашните и минатите работници ја опишаа атносферата како полна со страв. Многумина ги деактивираат своите сметки на социјалните медиуми или ги менуваат фотографиите на нивните профили за да менаџерите не можат да ги препознаат.

„Можеш да ја почувствуваш одалеченоста помеѓу колегите“, рече Џек Тунг, 32 годишен вработен во Катај Пацифик кој и работи како пружувач на прва помош за време на протестите во Хонгконг. „Не можам да им верувам на тие што не ги познавам, бидејќи не сум сигурен дали ќе ме пријават на менаџментот. Изгледа како „Големиот брат да те набљудува“, особено кога леташ“.

Оние коишто летаат за Кина велат дека се соочуваат со уште повеќе вознемирувања од страна на кинеските воздухопловни службеници кои ги чешлаат авионите по нивното слетување за странски публикации кои ги покриваат протестите и ги ставаат вработените на огромно скенирање.