- Advertisement -
МагазинНаука

Големи научни откритија во 2020: Од вселената до тајната за диносаурсите

Големи научни откритија - Работник
626views

Во година без преседан која ја одбележаа пандемијата и бројни политичи превирања, одредени теми можеби се нашле во втор план, а во нив спаѓаат и некои научни откритија кои не се во врска со појавата на новиот вирус. 

Од откривање на ѕвездена прашина постара од Сончевиот систем до првите пронајдоци на ДНК од диносаурус, научниците дошле до важни сознанија во 2020 година кои можеби поминале не обрвнувајќи внимание на нив, пишува магазинот Национална географија. 

Пред неколку милијарди години, кога Сонцето сеуште не постоело, ѕвезда која била пред умирање исфрила голема количина на прашина во вселената, а дел од таа прашина останала на метеоритите Марчинсон кој удрил во Австралија во септември, 1969 година и се смета за најстариот вселенски материјал пронајден на Земјата. 

Новите анализи на делови од метеорот покажел дека ѕвездената прашина на нив, е стара помеѓу 4,6 и 7 милијарди години. Таа може да се најде само на пет отсто од метеоритите, но тоа не ги обесхрабрило научниците да трагаат по неа. 

Во 2020 година, научниците идентификувале и остатоци од првиот ембрион на тираносаурус. 

Откритието потекнува од пронајдоци на две различни места – првото е отпечаток од стапало, пронајден во 2018 година, во Алберта, Канада, а другото остаток од долна вилица откриен во 1993 година, во Монтана, САД. 

Анализата на остатоците, стари помеѓу 71 до 75 милиони години, покажуваат дека ембрионите на тираносаурсите биле изнедаувачки мали – нешто под еден метар, но со многу долга опашка. Тоа е околу десет пати помалку од големината која ја достигнувале возрасните единки. 

Овој податок воедно објаснува зошто научниците порано не откриле мале тираносаурси – не очекувале дека ќе бидат толку мали. 

Зуењето на Марс

Во ноември 2018 година, леталото „Инсајт“ стигнало на Марс, за да собере материјал од оваа планета и да ги врати на Земјата. 

Помеѓу интересните работни забележани во оваа мисија е и зуењето на Марс – леталото изгледа дека констатно се тресело во ритамот на тресењето на оваа планета. Ѕвукот има повисок тон од поголемиот број на природни шумови на Земјата, а неговото потекло се уште не е познато. 

Во 2020 година, научниците конечно ја разрешиле мистеријата на ѕвездата Бетелгез. Оваа ѕвезда е обично меѓу најсјајните на небото, но во декември 2019 година, нејзиното интензивно треперење мистериозно згаснало. 

Научниците помисилиле дека ѕвездата е при крајот на својот животен циклус и дека би можела да експлодира како супернова посјајна и од Месечината. 

Меѓутоа, во август оваа година, НАСА објавила дека со набљудување преку телексопот „Хабл“ открила дека ѕвездата најверојатно испуштила ултраврел млаз на плазама кој спречил нејзиниот сајај да биде виден од Земјата. Ѕвездата Бетелгез во својата вообичаена состојба се вратила оваа пролет. 

Дел од тело на диносаурус стар 110 милиони години

Одлично зачуван преден дел од диносаурус нодосаур стар 110 милиони години случајно пронајден во 2011 година во Алберта, Канада, ги изненадил и израдувал научниците, а оваа година следело уште едно восхитување, кога анализите откриле кој бил последниот оброк на животното, зачуван во неговиот стомак. 

Животното на неколку часа пред смртта изело одреден вид на папрат, а најверојатно умрело на лето. Иако се работи само за еден оброк, откритиети пружа и искучителен поглед на последните часови о животот на едно животно кое живеело повеќе од сто милиони години. 

Уште едно од откритијата во 2020 година е поврзано со диносаурсите, а се однесува на нивната ДНК. Имено, научниците минатата година направиле значаен напредок во проучувањето на фосилизираната ДНК. 

Проучувајќи ги добро зачуваните фосили стари преку 70 милиони години, тимот идентификувал остатоци од ќелии во кои би можеле да бидат хромозомите и неколку можни нуклеуси, односно структура во која се наоѓа ДНК. 

Тие се уште не можат да потврдат дали се работи за ДНК или за некој друг генетски нуспроизвод. Меѓутоа, самата идеа за тоа што се можат да зачуваат фосилите е апсолутно возбудлива, истакнале тие. 

Најстариот череп на хомо еректус

Во карпите на северозападот на престолнината на Јужна Африка пронајдени се остатоци од череп за кој, најпрво се мислело дека припаѓал на древен бабун. 

Меѓутоа, двајца студенти од Австралија, минатата година откриле дека станува збор за череп на хомо ерецтус, прв таков кој е пронајден во Јужна Африка које најстар на светот. Тој датира од пред два милиони години. 

Камените предмети пронајдени во пештерата Чиквите во Мексико укажува на тоа дека луѓето на американската земја дошле уште пред 30,000 години, што е за дупло повеќе од претходната проценка. 

Оваа тема е предмет на голема дебата помеѓу археолозите кои најпрво мислеле дека присуството на луѓето во Америка датира од пред околу 13,500 години, кога се повлекол мразот и се отвориле патиштата од Азија. 

Меѓутоа, според најновите сознанија, камените предмети пронајдени во пештерата, ишараните парчиња јаглен стар 30,000 години, укажуваат на тоа дека луѓето во Америка дошле уште пред глечерите да почнат да се топат. Се претпоставува дека пештерата им пружала засолниште на луѓето кога регионот бил многу ладен,  многу влажен и не толку зелен, како што е денеска. 

Тимот од научници од Австралија го истражувал морското дно околу северниот дел на Големиот корален гребен кога наишол на корален гребен со висина од преку 500 метри – прв од таков вид пронајден во последните 120 години. 

Познат како одвоен гребен, овој е еден од осумте врсти познати во регионот. Тимот зел примероци од карпите и некои организми кои ќе бидат пратени во лабораторија на анализа. Засега се откриени и неколку нови видови на риби. 

Завршена епидемијата на ебола

Конечно, благодарение на новата вакцина, завршена е втората најголема епидемија од ебола. Во јуни 2020 година, Светската Здравствена Организација прогласила крај на пандемијата, после речиси две години. 

Првиот случај бил забележан во источниот дел на Конго во 2018 година, а сузбивањето на заразата било многу тешко поради граѓанските немири во земјата. Меѓутоа, благодарение на новата вакцина, епидемијата е завршена, а во текот на кампњата на имунизацијата, вакцина примиле преку 300,000 луѓе. 

Со вирусот биле заразени преку 3,480 луѓе, од кои речиси 2,300 починале. 

Фото: Pixbay