ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

ГОЛЕМИ РАЗЛИКИ ВО ПЛАТИТЕ ВО ЕУ: Кој зема најмногу, а кој најмалку?

   Време за читање помалку од минута

Големи разлики има во платите кои ги земаат работниците во европските земји.

Исланѓаните се на врвот според висината на платите. Лани просечните годишни плати се движеле од 24.067 евра во Грција до 73.642 евра во Исланд. Највисоки годишни просечни плати се исплатени во Исланд (73.642 евра), потоа следат Луксембург (72.529 евра), Швајцарија (67.605 евра), Белгија (63.758 евра) и Данска (59.405 евра).

Најниски просечни плати се исплатени во Грција (24.067 евра), Словачка 24.337 евра), Унгарија (26.376 евра), Португалија (29.540 евра) и Чешка (30.967 евра).
На ниво на ЕУ имаше и големи разлики во поглед на инфлацијата.

 

Фото: shutterstock, Creative Lab

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *