Правда

Голем број на млади луѓе влегуваат во пазарот на трудот неподготвени

Голем број на млади луѓе влегуваат во пазарот на трудот неподготвени
99views

Пазарот на трудот во Европската унија се менува, новата технологија, дигитализацијата, реформи во пазарот на трудот, демографски предизвици, економската криза се само некои примери на оваа голема промена со кој се соочуваат младите од цела Европа.
Во 2008 година започна економската и финансиската криза, кога пазарот на труд го имаше својот прв голем
колапс. Оттогаш е забележано скромно закрепнување во 2011 година, па повторување во 2012-2013 за сега
конечно, пазарот на трудот да покаже минимални позитивни знаци на подобрување.
Невработеноста и несигурната работа на младите сè уште е на многу ниско ниво. Неактивна популација
и младите луѓе кои не се ниту во работен однос ниту работат по струката се повеќе се зголемува, како и бројот на млади мигранти кои сакаат да се доселат и да работат во Европската Унија, како и млади од Западен Балкан каде што владее голема економска криза.
Многу работници се соочуваат со несигурни работни места, лажно вработување, непријавена работа; нестандардни форми на вработување, нешто со што не се соочувале претходните генерации.
Голем број на неплатени работни часови, прекувремена работа, даноци и придонеси кои се губат во виртуелната сфера и ред други проблеми и предизвици со кои младите се соочуваат на работното место.
Дигитализацијата, роботизацијата и автоматизацијата ги зголемуваат екстремните нееднаквости. Развојот на технологијата се одвива со брзо темпо што не е придружено со соодветна правна рамка, па оттаму голем број на млади луѓе влегуваат во пазарот на трудот неподготвени за предизвиците каде се соочуваат со недоволна заштита на нивните работнички права, што резултира со долгорочна егзистенцијална несигурност на младите.

Извор: Синдикат