Голем дел од работниците кои заминале на други работни места поради поголеми плати, сега се плашат од отказ

Милиони работници кои беа дел од „Големиот отказ“ се префрлиле во поплатени работни места. Сепак, сега се соочуваат со уште еден проблем – стравуваат дека ќе бидат отпуштени од работа.

Како што пренесува CNBC, повеќе од половина (56 %) од луѓето кои се вработиле на нови, поплатени работни места во текот на последната година се плашат за сигурноста на своите работни места. Овие податоци доаѓаат од финансиско – сервисната компанија Bankrate, која спровела анкета на примерок од 2,458 возрасни Американци во месец август.

Наодите од анкетата покажале дека „менувачите“ на работни места, кои настојувале кон работни места со поголеми плати се повеќе анксиозни во врска со иднината своето работно место од оние кои бараат зголемување на платите од нивните сегашни работодавачи.

Стравот за добивање на отказ е двојно поголем кај оние кои биле дел од феноменот наречен „Големиот отказ“, за разлика од оние кои останале во компаниите и добиле зголемување на платите (28 %).

Од CNBC додаваат дека голема улога во сето ова има и рецесијата која ја демне Америка.