ПравдаСветСветот на работникот

Горбачов: Лукашенко направи една грешка со тоа што предоцна побара поддршка од работниците

74views

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, смета дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, направил една грешка.

-Лукашенко побара поддршка од работниците на индустриските компании. Се чини, предоцна, рече Горбачов во интервју за „Комсомолска правда“.

Горбачов истакна дека и тој побарал поддршка од работниците пред распадот на Советскиот Сојуз.

-Не ја добивме потребната поддршка. Не сум наклонет да ги обвинувам работниците, посочи тој.

Тој, исто така, објасни дека ја напуштил должноста претседател на СССР за „да се избегне раскол и внатрешна војна“.

Поранешниот советски лидер го подвлече странското влијание врз настаните во Белорусија.

Масовните протести на опозицијата почнаа низ Белорусија на 9-ти август, уште вечерта по претседателските избори.