ЕкономијаМакедонија

Горивата започнаа да поскапуваат

153views

После неколку недели поевтинување, горивата кај нас започнаа да поскапуваат. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика на Македонија тоа се должи на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 4,437% и кај дизелот за 1,366%, а истовремено поскапе и доларот за 1,125%.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на бензините се 0,50 денари, со што од ноќеска на полноќ за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 48,50 денари, а за литар еуросупер БС-98 по 50,50 денари, додека малопродажната цена на дизелот не менува и останува 45,00 денари за литар.